По големиот интерес за првите најавени предавачи на Денови на комуникации, фестивал за маркетинг комуникации во организација на HURA и IAB Хрватска кој ќе се одржи од 28 до 31 март во Ровињ, организаторите најавија уште еден експерт, кој во Хрватска доаѓа овој пат од Њујорк. Че-Веи Ванг, врвен дизајнер, уметник и креативец, ќе одржи предавање на тема “Can machines make aesthetic design decisions?“ и притоа одговара дека може – “Роботите доаѓаат и време е да се загрижите”.
Поранешен студент на MIT, NYU и Институтот Прат и изложувач во салвниот MoMA (Museum of Modern Art), Че-Веи Ванг, е еден од светските лидери во областа на компјутерскиот и генеративен дизајн и експерт за време и креативно пресметување.
Многумина од нас веруваат дека креативноста е една од човечките особини кои не можат да бидат копирани. Сепак, Ванг ќе ја претстави својата визија и начините на кои компјутерите размислуваат креативно и преземаат делови од процесот на креирање, креативноста и дизајнот, кои досега ги сметавме за свети и резервирани само за човекот. На неговото предавање на Денови на комуникации, а подоцна и во дијалог со учесниците на фестивалот, ќе дознаеме што е тоа дизајн базиран на алгоритми кои ги користи и НАСА и дали има простор за човечката креативност во прецизниот роботски дизајн.
Че-Веи Ванг е уште еден од светските лидери кој го отвора патот за другите во областа на генеративниот дизајн, а на Денови на комуникации доаѓа со претходно најавите глобални лидери Мет Биспиел, добитник на наградата за најдобар огласувач во светот и двократен добитник на наградата за најефективен огласувач во светот, и Јусеф Тукан Тукан, визионер на дигиталниот маркетинг и глобален директор за иновации на Accenture Interactive, консултантска фирма која работи во 120 земји,