Во 2018 година, Роџер Федерер премина од „Nike“ во „Uniqlo“ и остана без своето добро познато лого „RF“
Потоа, тој потпиша профитабилен договор од 300 милиони долари на десет години со јапонската компанија, но и ги разочара своите фанови.
Од тој момент, на Федерер веќе не му беше дозволено да го користи логото „RF“, бидејќи компанијата Најк имаше права за тоа лого. И покрај ова, швајцарецот постојано велеше дека тој еден ден ќе ги врати своите права на „RF“ – што сега навистина и се случи.
Логото на „RF“ во моментов е во сопственост на Најк, но повторно ќе биде мое во одреден момент. Ова се моите иницијали. Тие се мои. Се надевам дека ќе бидат кооперативни и ќе ми помогнат да ги вратам. Добрата работа е што не може да биде нивно засекогаш“, изјави Федерер во една прилика.
За потсетување, Федерер досега можеше да го користи логото “RF“само на патики, затоа што користеше обувки на Најк, со оглед на тоа што Уникло не го произведува тој дел на спортска опрема.