Секој кој смета дека нивната креативна работа е вредна за фестивалска награда и сака да му ја демонстрира на пазарот силата и ефективноста на своите креативни идеи, ќе има уште дополнителни 10 дена за да земе учество на еден од најголемите креативни наградни фестивали во Европа.
Нема да има повеќе продолжувања и повеќе шанси за пријавување на White Square 2020. Последниот рок за пријавување е 24:00 на 8 јуни. Времето за размислување и двоумење заврши, сега е време да се дејствува! Време е за победа!
Начинот на пријавување не е комплициран. Потребно е да направите преглед на кампањите кои вашата агенција ги има создадено во последната година и да ги одберете најдобрите, да се регистрирате на официјалниот веб-сајт adfest.by и да ги прикачите фајловите преку вашиот персонален профил.
Кампањите можат да се пријават во седум натпреварувачки категории:
CREATIVE: Film, Print, Radio & Audio, Outdoor, Integrated, Branded Content и Entertainment;
BRANDING: Communication Design, Packaging Design, Digital & Interactive Design;
MARKETING: Brand Experience & Activation, PR, Direct, Innovations;
CREATIVE EFFECTIVENESS;
MEDIA: Channels, Excellence in Media, Media Campaign;
DIGITAL: Digital, Mobile, Creative Data;
CHANGE FOR GOOD. Рекламите посветени на пандемијата на Ковид-19 можат да учествуваат во категоријата “Change for Good” без да плаќаат котизација.
Пријавените кампањи ќе бидат оценувани од шест меѓународни жири-комисии, составени од светски познати и признати личности од областа на адвертајзингот од повеќе од 30 држави ширум светот кои повеќекратно учествуваале во жирирање на некои од најголемите глобални фестивали и освоиле стотици престижни меѓународни награди за креативност и ефективност за кампањи на дел од водечките светски брендови.
Фестивалот White Square е вклучен во глобалната ранг-листа за креативност AdForum Business Creative Report.
Кампањите на победничките агенции на White Square ќе бидат нашироко промовирани во индустриските медиуми, вклучувајќи над 30 публикации во Европа и пост-советскиот комонвелт, вклучувајќи држави како Франција, Белгија, Германија, Шпанија, Португалија, Италија, Холандија, Романија, Естонија, Литванија, Латвија, Србија, Хрватска, Русија, Украина, Белорусија, Казахстан, Грузија, Ерменија и други.
Подетални информации за фестивалот White Square можат да се најдат на официјалниот веб-сајт adfest.by.