Home » Во фокусот » Рокот за пријавување на Young Drummers продолжен до 21 септември

Рокот за пријавување на Young Drummers продолжен до 21 септември

Рокот за пријавување на традиционалниот натпревар за млади креативци под 30 години Young Drummers, дел од фистивалот на креативноста Golden Drum, е продолжен до 21 септември.

Фестивалот Golden Drum ќе ја прослави својата 25-годишнина помеѓу 17 и 19 октомври во Хотел Словенија во Порторож, a натпреварот Young Drummers оваа година ќе го избира најдобриот и најкреативен постер со мотив и слоган која ќе го зацврсти имиџот на градот Пиран како родно место на славниот виолинист Џузепе Тартини.

Пет одлични причини зошто да бидете дел од натпреварот Young Drummers:

  1. Победникот ќе добие одлична награда

Победникот на натпреварот ќе добие 3,000 евра од Градот Пиран, спонзор во потрага по креативни идеи за презентација на духот на Пиран како град на легендарниот Тартини. Дали веќе знаете како ќе ги потрошите?

  1. Најдобрите остварувања ќе бидат презентирани на фестивалската сцена на Golden Drum

Најдобрите остварувања ќе бидат презентирани на Golden Drum фестивалската сцена од страна на жирито на Young Drummers. Дополнително, сите пријавени дела ќе бидат изложени и прегеледани од професионалната јавност. Нека вашиот постер да се истакнува!

  1. Натпреварот Young Drummers е „отскочен камен“

Секоја година, водечки луѓе од агенции и маркетинг оддели на компании го посетуваат фестивалот Golden Drum и забележуваат млади теленти со кои би сакале да соработуваат во иднина. Вие можете да бидете еден од нив!

  1. Најдобрите тројца ќе добијат целосна регистрација за Golden Drum 2019

Победникот на натпреварот, како и второ и трето пласираниот натпреварувач, ќе добијат целосна регистрација за следното издание на Golden Drum во 2019 година. Нека ова ве мотивира за една нова доза на креативност и посета во 2019.

  1. Само 25 евра за 25 години Golden Drum

Фестивалот Golden Drum оваа година ја прославува својата 25-та годишнина и преку тоа што овозможува да бидете дел од натпреварот Young Drummers за само 25 евра + ДДВ за секој креативен концепт. Не ја пропуштајте шансата!

„Младите барабанџии“ ќе можат да изберат помеѓу неколку лесно достапни опции за регистрација и максимално да го искористат нивното време посетувајќи едукациски програми и луди забави, без притоа да се заборават и одличните можности за стекнување нови познанства и конекции.

Вашето учество можете да го пријавите на следниот ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365