Романија во вторникот објави дека планира да воведе данок на шеќерни безалкохолни пијалоци како една од мерките за борба против дебелината, следејќи ги постапките на другите европски земји, како што е Франција.
”Овој данок е насочен на обесхрабрување на потрошувачката на шеќерни пијалоци и зголемување на јавните приходи што би можеле да се потрошат за здравство и образование. Епидемијата на дебелината во ЕУ претставува огромен товар за здравствените системи“, соопшти романското Министерство за финансии.
Новиот данок се очекува да собере 66 милиони евра до крајот на 2019 година и доаѓа како дел од поширокиот преглед на буџетот во ќе се зголемат и даноците на тутунот, а ќе се намали буџетот во одредени области на јавната потрошувачка.
Романското здружение за безалкохолни пијалоци го осуди данокот како ”дискриминаторски“ и порача дека ќе му наштети на секторот, кој има околу 60.000 работни места.
Според консултанската куќа KeysFin пазарот на слатки пијалоци во Романија вреди околу 1,2 милијарди евра.