Home » Компании » Рудникот САСА отвори канцеларија за комуникација со локалната заедница

Рудникот САСА отвори канцеларија за комуникација со локалната заедница

Рудникот за олово и цинк САСА ја отвори својата прва локална канцеларија за комуникација со граѓаните. Канцеларијата е сместена во зградата на општината Македонска Каменица, а нејзината основна цел е да им овозможи на сите заинтересини граѓани од градот и населените места во неговата околина што полесно да ги добијат сите неопходни информации повразни со функционирањето на рудникот.

– Постојаното унапредување на комуникацијата и соработката со локалната заедница е еден од најзначајните определби и приторитети на рудникот САСА. Бидејќи рударскиот комплекс е одалечен повеќе од 15 километри од градот, многу често на луѓето им претставува проблем да патуваат до него. Со отворање на оваа локална канцеларија сметаме дека ќе им олесниме на сите оние кои сакаат да остварат комуникација со компанијата“, објаснува генералниот директор на рудникот САСА, Неил Стевенсон.

Покрај најразлични информации за работата на рудникот, канцеларијата ќе биде отворена и за предлози за соработка за подобрување на животот во локалната средина од страна на поединци и граѓански организации, како и апликации за вработување.

– Му честитам на рудникот САСА за инцијативата за отворање на ваква канцеларија за комуникација со граѓаните. Тоа на најдобар начин покажува дека компанијата е навистина отворена за потребите на граѓаните и за уште поефикасна соработка со заедницата, што е особено значајно за нејзиниот натамошен развој, изјави градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, при посетата на канцеларијата.

На почетокот, канцеларијата за комуникација со граѓаните ќе работи секој петок, од 08:00 до 16:00 часот, кога во Македонска Каменица е пазарен ден и повеќето жители од овој регион доаѓаат во градот за најразлични потреби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365