Според швајацарскиот весник Neue Zürcher Zeitung, агенти на руските власти заплениле часовници од швајцарскиот луксузен производител Audemars Piguet вредни повеќе милиони долари.
Весникот наведува дека се работи за реакција на руските власти кон одлуката на Швајцарија да отстапи од својата неутралност и да ја осуди руската инвазија на Украина.
Руските власти инситирале дека запленувањето на луксузните часовници е поради „царински прекршоци“, додека пак швајцарското Министерство за надворешни работи смета дека „најверојатно се работи за произволна репресивна мерка како одговор на санкциите“.
Часовниците биле одземени од продавниците на брендот низ Русија, иако компанијата ги прекинала своите деловни операции во државата уште во февруари.
Цената на најефтините часовници на Audemars Piguet изнесува од 20.000 до 30.000 долари, додека пак оние најлуксузните можат да одат и до 870.000 долари.