Германска мултинационална корпорација Siemens AG, инаку најголемата индустриска производствена компанија во Европа, ја назначи агенцијата Saatchi & Saatchi, дел од групацијата на Publicis, да го раководи нивниот креативен бизнис.
Активностите на Saatchi & Saatchi треба да го покриваат корпоративниот брендинг на компанијата и нејзините филијали во сите големи светски пазари. Притоа, носители на соработката ќе бидат Saatchi & Saatchi Germany и Saatchi & Saatchi London.
Ревизијата на договорот за креативниот бизнис на Siemens го водеше агенцијата за деловни услуги The Observatory. Не е познато кои други креативни агенции учествуваа во конкурсот.
Германската корпорација Siemens, со седиште во Минхен, работи во неколку големи индустриски сектори, вклучувајќи ја електрониката, енергетиката, индустриската автоматизација и здравството.
Последната голема глобална кампања на компанијата беше лансирана во 2016 година, под слоганот “Ingenuity for life” („Генијалност за живот“).