Home » Во фокусот » Saatchi & Saatchi Македонија помеѓу добитниците на престижните D&AD награди

Saatchi & Saatchi Македонија помеѓу добитниците на престижните D&AD награди

Кон крајот на минатата недела во Лондон, прогласени се добитниците на престижните D&AD награди, при што жири комисијата додели 5 црни, 62 жолти, 180 графитни и 485 дрвени моливи.

Кампањата Sea Hero Quest на агенцијата Saatchi & Saatchi, за клиентот Дојче Телеком, на која што работеше тим од Македонија, освои жолт молив во категоријата Гејминг. Sea Hero Quest е игра која има за цел да се помогне истражувањето на деменцијата.

Најголемиот добитник на вечерата беше спотот We’re the Superhumans кој за британски Channel 4 го изработи агенцијата 4Creative и Dougal Wilson, а кој освои два црни моливи. Рекламата е направена за преносот на Параолимписките игри 2016 година на Channel 4, а биле вклучени 140 лица со инвалидитет од целиот свет. Црни моливи добиле агенцијата 4Creative и продукциската куќа Blink.

Агенцијата Clemenger BBDO Мелбурн освои црн молив во категоријата ПР за својот Meet Graham проект кој го работеле за Австралиската комисија за несреќи во сообраќајот. Агенцијата се здружила со хирург, стручњак за несреќи и со уметникот Patriciа Piccinini со цел да направат скулптура на човек во природна големина (Graham) со тело дизајнирано да преживее сообраќајна несреќа. Скулптурата покажува колку е ранливо човечкото тело во случај на судир и е изложено во Државната библиотека Викторија. Graham исто така може да се погледне во 360° степени онлајн.

INGO Стокхолм со кампањата The Swedish Number за Туристичката агенција на Шведска освои црн молив во директно огласување. Туристичката заедница воспоставила телефонски број за земјата, овозможувајќи им на луѓето да се јавуваат и да разговараат со случајни Швеѓани. Кампањата е направена по повод 250 годишнината од крајот на цензурата во земјата и исто така освои Гранд при на минатогодишниот фестивал Cannes Lions.

Петтиот црн молив отиде за DOT, паметен часовник со брајова азбука, кој го направи компанијата Serviceplan Кореа. Часовникот нуди алтернатива на паметните часовници кои се потпираат на аудио прашања и прикажува до четири брајови знаци на својот “екран“ одеднаш. Производот е развиен во 2014 година и наскоро треба да се појави на пазарот.

Clemenger BBDO оваа година е најнаградувана огласувачка агенција, со вкупно 16 моливи, вклучувајќи 10 за проектот Meet Graham. Аdam&eve е на второ место со 15 моливи, вклучувајќи еден жолт за својата Give the Rainbow кампања за Skittles. Брендот се „одрече“ од своето виножито во знак на поддршка на Парадата на гордоста во Лондон, па на парадата биле поделени црно-бели пакетчиња бонбони.

Framestore и McCann Њујорк со VR искуството Field Trip to Mars, освои два жолти моливи, додека проектот на агенцијата POL Enter Sandbox за Ауди, кој им овозможува на корисниците да возат автомобил во виртуелна реалност-освои еден.

САД оваа година за прв пат освоиле повеќе моливи од било која друга земја, со вкупно 182 моливи, додека Велика Британија освои 164.

Целосната листа на добитници можете да ја погледнете на dandad.org.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365