Фестивалот ги слави и ги наградува најдобрите глобални проекти за маркетинг комуникација во изминатата година
Агенцијата Saatchi&Saatchi Хрватска освои бронза во категоријата “Дизајн на производи“ за проектот “Dual Purpose For A Higher Purpose“ за компанијата “Виолета“ на доделувањето на наградите AdForum PHNX Tribute. После признанието од Dieline Awards 2020, ова е второ реномирано меѓународно признание за овој проект.
Наградите AdForum PHNX Tribute се доделени во овие несекојдневни времиња како еден вид на замена за одложените глобални огласувачки фестивали поради пандемијата на корона вирусот.
Фестивалот ги слави и ги наградува најдобрите глобални проекти за маркетинг комуникација во изминатата година.
На фестивалот беа пријавени над 3000 кампањи, а жири комисијата составена од речиси 400 креативци, стратези, консултанти и новинари од целиот свет, ги оценија доставените кампањи според критериумите за оригиналност на креативната идеја и квалитетот на нивната изведба.
Петте главни области во кои се доделуваат наградите на овој фестивал се филм, печат, стратегија и техника на изведба, дигитален дизајн и дизајн, а тие се поделени во вкупно 25 категории, во кои се доделуваат златни, сребрени и бронзени PHNX пера.
По повод освојувањето на наградата, од агенцијата Saatchi&Saatchi Хрватска, велат: „Кога сте во друштво на агенции, како што е David од Мајами, тогаш реално не можете барем за момент да не помислите дека сте меѓу најдобрите на светот“.
Сите наградени кампањи можете да ги погледнете на следниот линк:
https://www.adforum.com/award-organization/6701461/showcase/2020