Во последните 10 години Dieline Awards формално ги препознава апсолутно најдобрите дизајни на амбалажа на производите за широка потрошувачка во светот и на тој начин ја подигнува свеста за вредноста што лежи во добро дизајнираната амбалажа на производите.
Оваа година, Dieline слави десет години промовирање на влијателен дизајн, иновации и извонредност.
За иновативното пакување на тоалетната хартија “Dual purpose for a higher purpose” на компанијата Виолета, агенцијата Saatchi&Saatchi Хрватска е наградена со бронзена награда во високо конкурентната категорија – Health care производи, а со тоа се најде меѓу вкупно 93 наградени дела од 21 земја. Жирито ги избра наградените дела од повеќе од 14.000 доставени проекти.
“Многу сме горди на оваа награда затоа што Dieline е инспирација за сите оние кои го ценат убавиот, иновативен и технолошки напреден дизајн. Особено не` радува ова признание затоа што конкуренцијата за оваа награда е навистина огромна, како во однос на бројот на апликациите, но и во однос на моќта и влијанието на пријавените брендови. Што да кажеме, веднаш сме зад еден Пентаграм!“, велат од агенцијата Saatchi.
Сите наградени проекти можете да ги погледенете на следниот линк: thedieline.com/blog/2020/5/19/the-worlds-best-packaging-dieline-awards-2020-winners-revealed?