Coca-Cola лансираше нова кампања за својот диетален пијалак Diet Coke, која е насловена „Сакај го она што го сакаш“ (“Love What You Love“). Се работи за интегрираната маркетинг кампања која ги слави поединците кои имаат позитивен и неапологетичен став кон животот, оние кои знаат кои се и што сакаат, останувајќи верни да ги прават работите на свој начин.
Централниот телевизиски спот на кампањата прикажува една позитивна жена која става ролери и штом се напие голтка Diet Coke, умствено се транспортира во фантастичен свет каде страствено изведува надреални подвизи со своите ролери.
Кампањата се лансира напоредно со одржувањето на Лондонската недела на модата, која се одржува во партнерство со Diet Coke. Кампањата исто така ќе биде поддржана и со дигитални, out-of-home, point-of-sale и ПР активности.
Реализацијата на кампањата се остварува со помош на креативната агенција Anomaly.