Еден од најпознатите хотели на охридското крајбрежје Хотел Дрим, деновиве започна со кампања на социјалните мрежи со која ги повикува своите фанови да ја разбудат својата имагинација и да опишат што за нив претставува одморот.
Авторот на најкреативниот пост (текст, слика или музика) објавен на Твитер или Фејсбук, придружен со хаштазите #ОдморотЕ и #ХотелДрим , добива гратис 2-дневен аранжман за двајца на база полупансион во периодот 08-10.05.2015.
Краен датум за испраќање на постовите е 26.04.2015.
За Хотел Дрим
Крај брегот на Охридското езеро, во Струга, во 1977 година никнува Хотел Дрим, носителот на модерниот светски туризам.
Опстојува веќе 35 години со својот квалитет и традиција.
Денес, хотелот е топ дестинација за релаксиран одмор и уживање од највисок ранг на брегот на Охридското езеро.
Лоциран на бреговите на Охридското езеро, блиску до центарот на Струга насреде живите улици и прекрасните пејсажи, нуди пријателска и релаксирана атмосфера. Во својата понуда има стилско направени комфортни соби и апартмани, со поглед на Охридското езеро, реката Црн Дрим и поглед на центарот на Струга.
Хотел Дрим**** е вистинското место за Вашиот одмор, бизнис средби, организирање на конференција или едноставно кулиарско доживување во еден од 4-те ресторани на хотелот. Тука, денес се склопуваат важни бизнис зделки, се прават највеселите свадби и настани, се поминуваат најубавите денови.
(комерцијален текст)