Во пресрет на претстојното Светско фудбалско првенство, брендот за брза храна McDonald’s лансираше високо-енергетска глобална кампања во која покажува дека сите околу светот си го поставуваат истото прашање, на многу различни јазици.
Без разлика дали се тоа деца, возачи на автобус, ѕвезди на популарната култура, или среќни и тажни фудбалски фанови, прашањето останува исто: „Сакаш да одиме во McDonald’s?“
Брендот се позиционира како општоприфатен фактор на смирување и ведрина, кој секогаш е тука да ги расположи луѓето и да им понуди добро поминато време.
Во спотот се појавува актерот Џејсон Судеикис, најпознат по улогата на фудбалскиот тренер Тед Ласо, потоа популарниот тиктокер Хаби Лејм, популарниот стример Едвин Кастро, како и ѕвездите на корејската поп-музика Itzy.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Wieden + Kennedy New York, продукциската куќа Caviar, агенцијата за односи со јавноста Weber Shandwick и медиската агенција OMD EMEA.