Home » Во фокусот » Самоизразувањето е во центарот на новата модна реклама со популарната Жазел

Самоизразувањето е во центарот на новата модна реклама со популарната Жазел

Младата Жазел Занаугти го освои светот на модната индустрија со нејзиното кршење на вообичаените правила. Нејзиниот неконвенционалн стил е освежувачка промена во предвидливиот свет на модата. Отвореноста и икреноста на Жазел и’ го дадоа заслуженото внимание и цела армија на фанови.

Британскиот ланец на продавници за облека и козметика ASOS уште минатата година ја препозна вредноста на Жазел и ја избра за заштитно лице на рекламата „Go Play“. Нивната соработка се покажа како успешни и продолжи и оваа година со нов 2-минутен спот кој ја презентира новата есенска и зимска колекција на брендот.

Рекламата започнува со Жазел облечена како вонземјанин кој го истражува своето ново опкружување. По неколку секунди, сцената се менува во фризерски салон каде Жазел промовира ретро стил кој потсетува на 80-те. Рекламата продолжува да еволуира, постојано менувајќи сцени и секако, облека.

„Мојот стил никогаш не е завршен“ е мотото со кое завршува спотот, како што Жазел мавта со раката од задниот дел на камион облечена во голем фустан.

Рекламата е режирана од страна на Теренс Нил од Park Pictures, кој е творец и на познатиот спот на Adidas “Original Is Never Finished”, што потсетува на новата реклама за ASOS, меѓутоа присуството на Жазел е доволна оригиналност сама за себе.

„Сакаме оваа кампања да ги инспирира нашите клиенти да истражуваат се’ што нив ги прави нив – од едноставноста до храброста, а модата тоа го овозможува,“ изјави Јејл Варти, маркетинг директор на ASOS. Покрај спотот, кампањата ќе биде проследена и со активности на социјалните мрежи Facebook, Instagram, YouTube и Snapchat.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365