Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung го објави новото продолжение на својот серијал “Voices of Galaxy” („Гласовите на Галаксијата“), преку кој ги истакнува луѓето на работ на модерниот свет кои ја користат технологијата за да се соочат со најголемите светски проблеми.
Најновата епизода ја следи приказната за поглаварот Урума Камбеба и неговата 12-годишна ќерка Таиса, кои користат мобилна технологија за да ја заштитат својата земја, заедница и начин на живот во срцето на Амазонската Прашума.
Овој триминутен филм ја адресира заканата со која се соочува домородната заедница која живее длабоко во најнепробојната прашума во светот: уништувањето на шумите. Филмот ги прикажува заштитниците од првата линија кои се трудат да ги спасат „белите дробови на светот“ од насилни активности. Дуото татко-ќерка зборува за повеќевековниот дух на шумата и нивното право да ја заштитат Амазонија како витален извор на егзистенција и култура за домородните заедници, но и клучна компонента за еколошката благосостојба на планетата.
„Нашата мисија со „Гласовите на Галаксијата“ од самиот почеток беше да ги издигнеме приказните на оние заедници кои потполно независно ја пренамениле технологијата на Samsung Galaxy со цел да се мобилизираат, организираат и да се залагаат за својата кауза. Во средбата со Урума и Таиса, сакавме да помогнеме да ја раскажат нивната приказна и праведно да ја претставиме нивната мисија. Како што покажува филмот, Урума и Таиса зборуваат сами за себе преку нивните постапки. Ние сме исклучително горди и привилегирани да ги споделиме и да ги зајакнеме нивните гласови како дел од тековните напори за заштита на Амазон“ – објаснува Карлос Перез, извршен креативен директор на агенцијата Ogilvy New York која стои зад кампањата на Samsung.