Технолошкиот бренд Samsung лансираше нова рекламна кампања наменета за израелскиот пазар, насловена “Way Out” (во превод „ексцентрично“/„откачено“/„авангардно“), која ја промовира слободата на избор и самоизразувањето.
Во централниот спот на кампањата, насловен “No Way” („Нема шанси“), гледаме различни млади луѓе кои не се плашат да излезат од рамката на социјалните норми со цел да го изразат своето вистинско „Јас“. Во тоа се, секако, потпомогнати од производите на Samsung, во случајот слушалките Galaxy Buds2 и паметниот часовник Galaxy Watch4.
Рекламата суптилно ни прикажува како технологијата е интегрирана во нашите секојдневни животи, истовремено нагласувајќи ја слободата на избор која ја нудат производите на Samsung за спарување со производи на други брендови.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Leo Burnett Israel.