Во текот на вчерашниот ден, Samsung Mobile ја претстави првата своја прва реклама за новиот Samsung Galaxy Note 3 и Gear презентирајќи некои нови функционални карактеристики и алатки како My Magazine, Action Memo и Smart Relay.
Носечката улога ја има една млада девојка која преку инспиративните моменти од нејзиниот секојдневен живот ја реафирмира загубената арт уметност. Носечка мелодија е варијанта на Sweet Dreams како што впрочем е и наречена оваа нова реклама – “Dreams“. Слоганот останува “Design Your Life“.
Во секој случај, Самсунг во ново светло после серијата реклами со кои се “гибаше“ со Apple :)