Со цел да го одбележи лансирањето на два нови модели на преклопувачки телефони на британскиот пазар, технолошкиот бренд Samsung создаде четири специјални билборди на кои дополнително е прикачен огромен мобилен телефон.
Билбордите се поставени на четири локации во Велика Британија, и тоа два во Лондон и по еден во Манчестер и Ливерпул. Покрај големите и тродимензионални телефони на преклопување, на нив се прикажани и ликовите на фудбалерот Рахим Стерлинг и телевизиската презентерка Ферн Котон.
„Последното лансирање на Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5 ја претставува следната фаза во нашата еволуција. Станува збор за ангажирање, а не кажување на потрошувачите што можат да очекуваат од нашите најнови преклопливи уреди. Со тоа на ум, како подобро да ја оживеете оваа кампања, отколку со моќна надворешна активација во форма на 3D билборди низ Обединетото Кралство со нашите амбасадори Рахим Стерлинг и Ферн Котон. Иновативноста и радоста од изработката на специјалните 3D билборди го одразуваат она за што се залагаме како бренд и неверојатната технологија што ја носиме на пазарот“ – објаснува Анника Бизон, директор за маркетинг и омниканални комуникации на Samsung во Обединетото Кралство и Ирска.
Позади идејата стои на кампањата креативната агенција Iris, медиското планирање и закуп биле реализирани од агенцијата Starcom, а со продукцијата раководела агенцијата Clear Channel.