Во време кога секој има пристап до паметен телефон и Инстаграм филтери, мобилната фотографија и кампањите кои ја промовираат може да се чинат како неинспиративни. Меѓутоа, новата реклама на Samsung, прва за брендот создадена од страна на агенцијата Mother London, е токму спортивното, влечејќи инспирација од вистински фотографии како почетна основа за необични креации.
Така, првата реклама од најавениот серијал е инспирирана од страна на фотографија од вреќи кромид. Всушност се раскажува за момче и девојка кои работаат во конкурентни локали кои служат производи од кромид, лоцирани на спротивните страни од улицата. Тие почнуваат да развиваат симпатии еден кон друг, постојано надгледувајќи се преку улицата. Спотот е полн со хумористични детали, како сопственикот на локалот кој јаде кромид како да е јаболко и протагонистот кој плачи додека лупи кромид и напоредно ја набљудува својата сакана. На крајот, момчето и девојката конечно се среќаваат – купувајќи кромид.
Режисер на рекламата Сем Хибард, а продукцијата е дело на студиото Somesuch.