Пандемијата на Ковид-19 имаше огромно влијание врз менталното здравје на луѓето. За многумина, осаменоста што дојде со карантинот и работењето од дома беше особено тешка за справување.
Со цел да се подигне јавната свест за овој сериозен проблем, Националната алијанса за ментално здравје од Њујорк и Градскиот балет на Њујорк објавија краток филм чиј наратор е познатата актерка и воедно потпретседател на Градскиот балет, Сара Џесика Паркер.
Филмот насловен „Внатре и надвор“ (“Inside & Outwards”) е долг скоро пет минути и прикажува десет индивидуи кои се борат со изолацијата на различни начини – сликање, печење, пиење, чистење, танцување, пилули и слично. Според Паркер, филмот претставува искрен и ранлив поглед на подемите и падовите на живеењето сам, особено во време кога дури и едноставното дружење со пријател „се чини како злосторство“.
Кампањата била создадена преку соработка на повеќе креативци од неколку различни агенции. Иницијатор бил Езекиел Консоли, постар арт директор во агенцијата Dentsumcgarrybowen, кој во проектот го вклучил и Кајл Харисон, копирајте од агенцијата RPA, како и Езра Хурвиц, режисер во HunterPark Productions и поранешен професионален балетан. Музиката е дело на Суфџан Стивенс и Ловел Брамс.