„Griffin Jacket“ кој го направи Scania ќе биде продаден на аукција, а сите приходи ќе одат во добротворни цели
Познатиот производител на камиони, Scania, неочекувано завзеде уметнички пристап во маркетингот, а сето тоа за промоција на нивната нова колекција на облека за возачи Griffin Collection.
Шведската агенција Uncle Unicorn ги спои дизајнерот на камиони Sven-Erik “Svempa” Bergendahla и модната дизајнерка за висока мода, Beu Szenfeld – позната по својата љубов за рециклирање, како и по нејзините креации за уметниците како што се Лејди Гага и Бјорк – со цел да направи колекција висока мода од камионски делови.
„Griffin Jacket“ јакната од спотот е направена од 200 метри армирани Scania каиши, внимателно исечени во 800 перја на грифин, кои потоа рачно се зашиени со речиси 5000 шевови. Јакната моментално се продава на аукција, а целиот приход од продажбата ќе оди во хуманитарни цели за организацијата ActionAid.