Германскиот фудбалски клуб Шалке 04 од Гелзенкирхен одлучи да го тргне логото на руската енергетска компанија Газпром од своите дресови, како реакција на случувањата во Украина.
Клубот објави на својот официјален Твитер профил дека скорешните настани довеле до замена на логото на Газпром со името на клубот – Шалке 04. Сé уште не е познато дали клубот ќе ги прекине сите спонзорски врски со енергетската компанија.
Одлуката доаѓа по претходното соопштение на клубот, кога беше изјавено дека ќе го следи понатамошниот развој на ситуацијата, ќе ја евалуира и ќе направи цврст повик за мир и заштита на оние кои се соочуваат со ефектите на кризата.
Веста од Гелзенкирхен доаѓа во време кога европската фудбалска асоцијација УЕФА одлучи да го премести одигрувањето на финалето во Лигата на шампионите од Русија во друга земја, но истовремено се соочува и со притисот за прекин на својот сопствен спонзорски договор со Газпром, вреден 40 милиони евра по сезона.
ℹ️ Following recent developments, FC Schalke 04 have decided to remove the logo of main sponsor GAZPROM from the club’s shirts. It will be replaced by lettering reading ‘Schalke 04’ instead.#S04 pic.twitter.com/9kpJLRzTQ7
— FC Schalke 04 (@s04_en) February 24, 2022