Декември е во знакот на Schweppes Mixology и комбинирањето на најдоброто од сите светови: импресивни вкусови на коктели збогатени со меурчињата на Schweppes, одлична музика, флуиден танц, искуства и неповторлива енергија.
За првпат во нашата земја, во просториите на Пивара Скопје беше одржана специјализирана конференција на Schweppes, „Зад шанкoт“, каде што најумешните бармени – херои на ноќниот живот – беа дел од содржините посветени на уметноста на миксање вкусови заедно со Schweppes. Едукативниот дел го одржаа Александар Илоски од Пивара Скопје, бренд менаџер за газирани безалкохолни пијалаци, и Филип Арнаудов, претседател на „Barrevolution“ од Асоцијацијата на бармени на Македонија. Присутните бармени учествуваа и во натпревар на брзина, талент и умешност, каде што беа прогласени вкупно 6 победници во секоја категорија: Љубен Богдански – Баду Бар; Никола Анастасијески – Каса бар; Софче Митревска – Плеј сити кафе; Виктор Димитровски – БКВ; Димитар Николов – Рузвелт бар; Никола Бабунски – Кино Карпош.
„Пивара Скопје веќе еден век е компанија што, несомнено, е посветена на своите партнерства и тоа, без исклучок, е правецот кон кој цврсто ќе се придржуваме и во годините што следуваат. Во правец на ветувањето ’Партнери засекогаш‘, изминатите настани беа поддршка на нашите партнери од ХоРеКа и, секако, бармените виртуози на комбинирањето вкусови, кои се дел од секоја добра забава. Оваа прва конференција е дел од нашите заложби, заедно со нашите партнери, со цел да ја издигнеме индустријата на ХоРеКа на едно повисоко ниво и да го помогнеме растот на миксологијата како интересна професија за младите во земјава. Заедно со Schweppes ги презедовме забавата и доживувањето, ги откривме тајните состојки за миксот и донесовме нови неочекувани искуства за нашите консументи“, изјави Александар Илоски.
По конференцијата за бармени, посветена на магијата на подготвување совршени коктели со Schweppes, уметноста на миксологијата продолжи во сосема поинакви светло и атмосфера. Вториот дел од денот беше посветен на првиот импресивен настан на Schweppes, кој се одржа во Музејот на Град Скопје, каде што миксологијата беше претставена преку сите сетила: единствена презентација на несекојдневни коктели со Schweppes, интерактивни простории, флуиден танц од „Skopje Dance Theatre“ и уникатен музички перформанс на диџеите Гоце Саф и Чваре во беспрекорна синергија со звуците на Антоние Весковски (удирачки елементи), Благоја Антоновски (тапани), Трајче Велков (труба), Иван Иванов (саксофон) и Мартин Христовски (диџеј), каде што посетителите уживаа во совршен микс од најдоброто од сите сетилни светови.
Погледнете дел од атмосферата на првата специјализирана конференција за бармени на Schweppes, како и галерија од првата импресивна Mixology забава во Музејот на Град Скопје: