(РЕГИОН) – Агенцијата McCann Белград со години го има задоволството да ги осмислува и реализира кампањите за Schweppes, бренд кој е во цел свет познат како елегантен, модерен и духовит, а чии реклами често ја надминуваат комерцијалната цел и постануваат вистински мали уметнички дела.
Благодарение на успешната кампања за српскиот пазар „The Boss” и „The Best Man”, агенцијата ја стекна довербата на клиентите и доби задача да осмисли и реализира креативни решенија за 23 пазари ширум Европа. Изминатата година McCann Белград сними серијал оригинални кратки спотови, базирани на интернационалната Schweppes креативна платформа „ За мажи, не за момчиња“ и „За жени, не за девојки“, кои наидоа на одличен прием кај публиката ширум Европа. Она што публиката го препозна се интересните и точни „insight-и”, мали, но прецизни животни вистини кои возрасните луѓе ги доживуваат и со кои лесно се идентификуваат. Кампањата го истакнува она што и самиот бренд го претставува. Schweppes е искусен, елегантен, паметен и духовит, но од друга страна понекогаш и остар и горчлив.
Оваа година се снимени уште 4 ТВ спота, од кои два „Heart“ (https://youtu.be/vcsRB8rFQKA) и „The night is young“ (https://youtu.be/egv7ASc2_sA), публиката има можност да ги види на домашните ТВ станици. Овогодинешната кампања е поддржана и од страна на оригиналните дигиталните содржини, кратки и интригантни видео клипови кои се наоѓаат на социјалните мрежи не само во Србија, туку и на останатите пазари во регионот. Тимот на агенцијата McCann Белград е особено горд на тоа што и делот од кампањата базиран на адаптација на интернационалните визуелни елементи – билборди, огласи и слично, благодарение на духовитите, остри и неочекувани текстови, предизвика значителен интерес и позитивни реакции од публиката.