Скрин Медиа е прогласена за Национален Победник, преставувајќи ја Македонија на European Business Award 2015/16, во категоријата “Elite Award for Growth Strategy of the year”
Како Национален Победник, Скрин Медиа ќе продолжи во следната фаза од натпреварувањето , кога ќе бидат прогласени десетте најуспешни компании кои ќе ја добијат „ Ruban d’Honneur “ наградата.
Наградата ќе биде доделена на организацијата- учесник која спроведува најдобра стратегија за интернационален развој, која остварува натпросечни нивоа на продажба, профит и подобрување на својот удел на пазарот.
Ељмедин Адеми, основач на Скрин Медиа за Маркетинг365 вели: „Многу сме горди што сме избрани да ја преставуваме Македонија како Национален Победник. European Business Award се светски признати и се место каде што се среќаваат најрастечките компании во Европа и со нетрпение ја очекуваме следната фаза од оценувачкиот процес, каде подетално ќе објасниме како го постигнуваме својот успех.”
European Business Award, кои се организираат 9 та година по ред , се спонзорирани од страна на интернационалната ревизорска, даночна и советничка мрежа РСМ. Наградите се подржани од бизнис лидерите, академците, медиумите и политичките претставници од цела Европа. Оваа година ЕБН вклучи над 32000 бизниси, од 33 Европски држави и на 1-ви Септември, 678 компании од цела Европа беа прогласени за Национални Победници во десет категории. Шеснаесет македонски компании беа меѓу избраните (Абикс, Арчелормитал Доо, ДГТ Жикол Дооел, Дуна Компјутери, Еуро-Фарм, Градежен Институт Македонија, Индо Минерали и Метали Дооел, иВоте, Медиа Принт Македонија, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Раде Кончар Електрични постројки, ПЗУ Ре-Медика, Штедилница Можности, Скрин Медиа Дооел, Трансмет Доо, Х3М Лабаратории).