Home » Во фокусот » Скрин Медиа прогласена за национален победник за Македонија на European Business Awards 2015/16

Скрин Медиа прогласена за национален победник за Македонија на European Business Awards 2015/16

Скрин Медиа е прогласена  за Национален Победник, преставувајќи ја Македонија на European Business Award 2015/16, во категоријата “Elite Award for Growth Strategy of the year”

screen media logo2

Како Национален Победник, Скрин Медиа ќе продолжи во следната фаза од натпреварувањето , кога ќе бидат прогласени десетте најуспешни компании кои ќе ја добијат „ Ruban d’Honneur “ наградата.

Наградата ќе биде доделена на организацијата- учесник  која спроведува најдобра стратегија за интернационален развој, која остварува натпросечни нивоа на продажба, профит и подобрување на својот удел на пазарот.

Ељмедин Адеми, основач  на Скрин Медиа за Маркетинг365 вели: „Многу сме горди што сме  избрани да ја преставуваме Македонија како Национален Победник. European Business Award се светски признати и  се место каде што се  среќаваат најрастечките компании во Европа и со нетрпение ја очекуваме следната фаза од оценувачкиот процес, каде подетално ќе објасниме како го постигнуваме својот успех.”

European Business Award, кои се организираат 9 та година по ред , се спонзорирани од страна на интернационалната ревизорска, даночна и советничка мрежа РСМ. Наградите се подржани од бизнис лидерите, академците, медиумите и политичките претставници од цела Европа. Оваа година ЕБН вклучи над 32000 бизниси, од 33 Европски држави и на 1-ви Септември, 678 компании од цела Европа беа прогласени за Национални Победници во десет категории. Шеснаесет македонски компании беа меѓу избраните (Абикс, Арчелормитал Доо, ДГТ Жикол Дооел, Дуна Компјутери, Еуро-Фарм, Градежен Институт Македонија, Индо Минерали и Метали Дооел, иВоте, Медиа Принт Македонија, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Раде Кончар Електрични постројки, ПЗУ Ре-Медика, Штедилница Можности, Скрин Медиа Дооел, Трансмет Доо, Х3М Лабаратории).

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365