(РЕГИОН) – Во присуство на повеќе од 200 стручњаци од областа на маркетингот и комуникациите, од 65 агенции и 58 компании од целиот регион, успешно се оддржа и второто издание на регионалниот форум за комуникациски лидери – IZAZOV 2016, во организација на порталот Marketing mreza.
Преку интерактивна содржина, учесниците имаа прилика да ги дефинираат најголемите предизвици со кои ќе се соочи професијата во оваа година.
“Исклучително сме задоволни што настанот наиде на одличен одзив од професионалците, што само потврдува колку на сите нас ни е важен развојот и унапредувањето на професијата и пазарот. Често зборуваме за предизвиците кои не очекуваат во индустријата на комуникациите и маркетингот, а на форумот имавме прилика заедно да дискутираме за тенденциите и начините како тие придизвици успешно да се надминат“ – рече Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Маркетинг Мрежа.
Модераторот на панелот “Што е во тренд, а што не е, прашавме машина – таа знае се“ и креативен директор на агенцијата Leo Burnett, Ања Радуловиќ истакна дека адвертајзинг индустријата во 2016 година ќе ја обележат пет клучни трендови – branded content, мобилен маркетинг, realtime маркетинг и интеграцијата на традиционалниот и дигиталниот маркетинг. “Агенциите и клиентите ќе мора да се трансформираат и да се прилагодат кон предизивиците кои ги донесува дигитално-технолошката револуција. Приближувањето кон денешните потрошувачи побарува нови стратегии и тактики, релевантни пораки, нови алатки и канали во потполно нови временски ремки“, заклучија панелистите.
За време на регионалниот панел на кој учествуваа претставници од шест држави од регионот (Србија, Словенија, Хрватска, БиХ, Македонија и Црна Гора) беше заклучено дека целиот регион се соочува со големи промени во однос на козумцијата на медиумите, што поставува задача дека целата индустрија треба многу побрзо да се прилагодува, односно активно да го стимилира развојот на дигиталните канали за комуникации преку унапредување на истражувањата, сервисот, квалитетот и резноврстноста на содржината.
Посебен сегмент од форумот беше посветен и на промовирањето на дијалог помеѓу агенциите и компаниите преку различни типови на интерактивни работилници. За време на траењето на форумот, своите студии на случај пред агенциите ги представиа компаниите: IKEA Srbija, LOREAL Adria-Balkan, Vojvođanska banka, Vip Mobile, Delta Holding, Eurobank, UNIQA osiguranje, Societe Generale banka, Infostud, Ušće Shopping Centar, Microsoft Srbija и др.
Форумот IZAZOV 2016 го подржаа агенциите Pioniri Communications, Ovation BBDO, Headline, M2Communications, MASMI Beograd, BeoExpo System, TAG Media, Homepage и DPC Group.