Вчера попладнето во кафе Concept 37 се одржа првото IAB Networking Cafe на кое покрај пријатното и корисно дружење, членовите на ИАБ Македонија, но и голем број претставници на домашни маркетинг агенции и медиуми кои не се членови на Здружението, се запознаа со некои иновации на странскиот и домашниот дигитален пазар.
На првото, есенско, Networking Cafe, презентација на тема Programmatic ad buying: RTB, concepts, technologies and the Macedonian reality, одржа Филип Младеновски од Httpool Македонија. Филип детално го објасни овој концепт на закуп на огласен простор кој станува се поголем тренд во развиените пазари, неговите предности, но и недостатоците, како и што тој значи за агенциите, издавачите и адвертајзерите.
Според Младеновски, веќе на почетокот од 2015 година можеме да ги очекуваме првите чекори на македонскиот дигитален пазар во насока на закуп и реализација на кампањи преку Programatic закуп на огласен простор.
Целата презентација за Programmatic ad buying, може да ја преземете ТУКА а се надеваме дека Филип (кој истовремено е и еден од колумнистите на Маркетинг365) скоро ќе не почести и со една колумна на оваа тема :)
Зирнете како синоќа изгледаше атмосферата во Concept 37 од фотографиите подолу:
Фото: ИАБ Македонија