Home » Во фокусот » Се оддржа “The Cup 2015“ – ова се победниците

Се оддржа “The Cup 2015“ – ова се победниците

Во текот на вчерашниот ден, во Љубљана, Словенија, се одржа осмото издание на интерконтиненталното натпреварување The Cup.

“The Cup“ беше создаден во 2007 година од организаторите на три големи регионални креативни фестивали : ADFEST (Asia-Pacific), FIAP (Ibero-American) и GOLDEN DRUM. После првата година, дел од “The Cup“ се и  ADC*E, односно клубот на Уметнички директори на Европа.

Основен принцип на ова  адвертајзинг натпреварување е дека сите финалистите од регионалните фестивали добиваат право да влезат во селекцијата на проекти кои ќе бидат оценувани од интернационалните судии на “The CUP“.

Со овогодинешното жири претседаваше Michael Conrad, претседателот на Берлинската школа за креативно лидерство (Berlin School of Creative Leadership Worldwide), а останати членови на жирито беа и : Álvaro Rodrigues (DM9Rio, Бразил), Yang Yeo (Wieden+Kennedy Шангај), Guido Heffels (Heimat TBWA, Германија), Johannes Newrkla (Bluetango, Австрија), Mihai Gongu (GMP Advertising, Романија), Beto Nahmad (VCCP, Шпанија), Santosh Padhi Taproot India, Бомбај) и Milka Pogliani (креативен консултант од Италија).

Добитник на овогодинешниот Grand Cup е кампањата «The Hornbacher Hammer», на агенцијата Heimat Berlin, а освен најголемиото признание оваа кампања ги освои и наградите Best of Campaign и Best of Strategy.

Листа на овогодишни победници:

Best of Corporate, and Best of Campaign: «Come to the street», агенција: Leo Burnett Talor Made, клиент: Fiat

Best of Financial: «The value of experience», агенција: VCCP Spain, клиент: El Corte Ingles

Best of Food, and Best of Direct Marketing – «Rice Code», агенција: Hakuhodo Inc,  клиент: Inakatade Village Office, Tokyo

Best of Other Vehicles and Accessories , Best of Craft or Production– «Sound of Honda/Ayrto Senna 1989», агенција: Dentsu Inc, клиент: Honda Motor co. LTD.

Best of Electronics, and best of installations and events – «All eyes on S4», агенција: Heimat Swisscom, клиент: Swisscom and Samsung Galaxy S4

Best of Household, Business Appliances, Furnishing: «Renovated Billboards», агенција: Jung von Matt AG, клиент: OBI GmbH & Co, Germany

Best of Sports – «Parallel Journeys», агенција: JWT India, клиент: Nike Indija, Mumbai

Best of Health and Personal Care,  Best of Publications, and Best of Design – «Mother Book», агенција: Dentsu Inc, клиент: Bell-Net Obstetrics, Nagoya

Best of Car – «Chicken», агенција: Jung Von Matt AG, клиент: Daimler AG, Stuttgart

Best of Comminication Media and Publications: «85 seconds», агенција: AlmapBBDO, клиент:Getty Images

Best of Entertainment, Recration, Leisure and Best of Film: «Robocop», агенција: Conill Saatchi&Saatchi, клиент: Festival de Nuevo Cine Argentino en Hollywood

Best of Public and Private Services, and Best of Interactive: «Tweet Censurado», агенција: DDB Brasil, клиент: Anistia Internacional

Best of social engagements, Best of Press,  Best use of Local Culture, Best of Craft: «Farmer suicide, 1, 2, 3», агенција: Taproot Indija, klijent: Bennet Coleman&Co. LTD

Best of Radio: «ZZZ Radio», агенција: ACE Saatchi&Saatchi, клиент: Pampers

Best od Outdoor: «Megaprint», агенција: AlmaBBDO, klijent: HP i «The Social Swipe», agencija:Kolle Rebbe GmbH, клиент: Bischofliches Hilswerk MISEREOR e.V.

Best of One2One: «It is in your hands», агенција: VCCP Spain, клиент: Asociacion espanola de Adolescentes y Adultos jove

Best of Installations and events: #BalconyExpress, агенција: M&C Saatchi, клиент: Leroy Merlin

Best of Media Innovation: «SKY Livespots», агенција: serviceplan, клиент:  Sky Deutschland Fernsehen GmbH& Co. KG

Best of Campaign, and Best of Strategy: «The Hornbach Hammer», агенција: Heimat Berlin, клиент:  Hornbach Baumarkt AG

Best of PR: «Bently Burial», агенција: Leo Burnett Tailor Made, клиент: Asosiacion Basilena de Transplante de Organos

Most Insightfull Idea: «Dear Future Mom»,агенција: Saatchi&Saatchi Italy, клиент: CoorDown Onlus

Best of Craft: «Guinness Draught in a bottle: deux, quatre, trois», агенција: BBDO SingapurePTE LTD

 Повеќе информации на следниов линк: http://www.thecupawards.com/

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365