(РЕГИОН) – Се одложува најголемиот бугарски фестивал за рекламирање ФАРА, објавија организаторите од бугарското здружение за комуникациски агенции (БАКА).
Настанот требаше да се одржи од 11 до 13 јуни во Пловдив каде традиционално секоја година се оддаваат признанија за најкреативните комуникациски проекти во земјата.
Со оглед на применетите мерки во врска со пандемијата од коронавирусот, 21-то издание на фестивалот засега останува со неодреден нов датум, но организаторите ја оставаат можноста доколку условите дозволат, тоа да се случи наесен.
Ова одложување најверојатно значи дека ќе се направат и промени во однос на правилата каде се пропишува периодот за кој може да се пријавуваат проекти.