Минатиот петок во хотел Александар Палас во Скопје успешно се оддржа овогодинешниот Global HR Summit Скопје настан на кој преку 200 делегати од Македонија и регионот имаа можност да слушнат од познати светски компании за трендовите во индустријата на човечки ресурси, за тоа со какви предизвици се соочуваат HR професионалците и како ги унапредуват вештините на своите вработени и системите во самите компании.
Учесниците на самитот имаа можност да научат повеќе за креирање на лидерски особини кои се стремат кон целите од претставникот на Unilever, за развојот на програми за таленти со висок потенцијал како Emirates NBD, околу модалитетите на менаџирање на таленти и лидерство во Novo Nordisk, усовршување на процесот на регрутација и социјални медиуми во Facebook, како и многу други актуелни теми и работилници.
Освен претставување на трендовите од светски компании, цел на овој настан беше учесниците да разменат искуства меѓу нив низ неколкуте делови предвидени за разговори, дружење и работилници.
Настанот беше организиран од P World во ексклузивно партнерство со KARIERA.mk.
Ние сакаме да учиме, а уште повеќе, да воведуваме иновации на нашиот пазар, каков што е и овој настан. Се надевам дека денес сите ќе научиме вредни работи кои ќе не инспирираат да креираме подобра работна средина утре – истакна Норик Селими ко-основач на сервисот KARIERA.mk на отварањето на самитот.