Во средата во “Куршумли Ан“ во склоп на Skopje Design Week се оддржа панелот со наслов „Традиционални vs дигитални канали на комуникација“ под покровителство на Медиа Принт Македонија.
Говорници на панелот беа Дејан Ѓорѓиевски, маркетинг и ПР-менаџер на „Порше Македонија“, Александар Ивановски, маркетинг-координатор во МПМ, Ненад Ристовски медиа планер од ZenithОptimedia. Ленче Карпузовска, менаџер за комуникации во „ЕВН Македонија“, Соња Крамарска, главен и одговорен уредник на „Утрински весник“, Дарко Булдиоски од NewMediamk и Никола Војнов, креативен директор во агенцијата New Moment.
Работилницита која беше солидно посетена имаше три точки на дискусија: фузија на традиционалните и дигиталните медиуми, спонзорирана содржина или креирање на содржина и дизајн на интерактивни содржини.
Иако постоеја некои спротивставени мислења во однос на влијанието и кредибилитетот на различните видови медиуми сепак се чини сите говорници на крај се согласија околу очигледниот факт дека медиумскиот свет во последните години се менува со исклучителна брзина а главни предводници на тоа се дигиталните форми на комуникација кои за брзо време ќе го имаат и главниот збор.
Се чини на панелот единствено недостасуваа претставници од некој македонски веб портал и некоја македонска ТВ станица како глас на највлијателните медиуми во денешно време.
Посебно интересно за некоја наредна дискусија би било да чуеме и поопширно објаснување од огласувачите и агенциите на темите како “бројки за тираж на печатените медиуми“ или “поврзаноста на импресиите, квалитетот на содржината и рекламите кај интернет порталите“.
Би можеле да заклучиме дека ваков вид на панели недостигаат во медиа-маркетинг дебатата во Македонија и да посакаме да се организираат што почесто !