Центарот за развој на Скопски плански регион – ЦРСПР, беше домаќин на дводневна Вмрежувачка Конференција во Скопје, која резултираше со одличен импакт на зададените цели, да ги вмрежи сите чинители во подобрувањето на регионална клима за вработливост и мобилност во прекуграничниот регион Македонија – Србија.
Прекуграничната конференција за вмрежување и соработка на јавниот и приватниот сектор овозможи студиозна јавна дискусија, вклучувајќи ги сите надлежни институции и сектори: јавниот, приватниот, образовниот, бизнис секторот, како и општините од Скопскиот и Североисточниот регион од страна на нашата земја и Јабланичко Пчињскиот регион и општината Власотинце од страна на пријателска Србија.
Сите овие засегнати страни, со особен интерес и бројно присуство на градоначалниците од обата региона, јавно придонесоа со своите аспекти, програми и мерки кои се предмет на синхронизација и подобрување на прекуграничните можности за вработување, преку моделите, искуствата и препораките за мотивација и задржување, пред се на дефицитарната кадрова сила. Настанот покажа дека е потребно да се преиспита состојбата, да се обрне поголемо внимание на моменталните трендови на „берзата“ на трудот со акцент на сегашното и идното профилирање на младите, но и на продуктивните и возрасните кадри, кои постојано имаат потреба од зајакнување и надградба, преку ревидирање на квалификациите и современа верификација на искуствата, вештините и знаењата. Конференцијата освен што овозможи преиспитување и соочување со проблемите и предизвиците во системот, пред се овозможи промоција на механизмите за подршка на вработувањето и мобилноста на работната сила во прекуграничата област преку Презентација на наодите од Студијата за прекуграничната мобилност на работна сила. Концептот на конференцијата ја опфати и темата за регионалната иницијатива Отворен балкан, која претставува засилувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал и услуги.
Конференцијата е една од клучните активности од проектот ШАНСА ЗА ТЕБЕ, финансиран од Европската Унија, во рамка на ИПА II Програмата за прекугранична саработка на Србија и Северна Македонија, кој е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење, Скопје, во својство на носител и Центарот за развој на Скопскиот плански регион, како партнери од Македонија и Центарот за развој на Јабланичко Пчињскиот округ, Лесковац, и Општина Власотинце, како партнери од Србија. Проектот „Шанса за тебе“, се фокусира на воведување на нови пристапи и соработки меѓу јавниот и приватниот сектор со цел подршка на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област и зголемување на капацитите и компетенциите на јавниот и приватниот сектор за спроведување на програмата за вработување, а главни актери се невработените и барателите на работа.
Дводневната Конференцијата беше конципирана во воведен ден со: поздравен говор, промоција на проектот преку презентација на резултатите од компаративната студија, како и потпишување на „Протокол за соработка“ и „Заложба за развој на заедницата“ од страна на коморите, претставниците на бизнис секторот, образованието, невладините организации и градоначалниците од регионалните општини. Вториот ден, резултираше со плодна дискусија конципирана во два форума, од кои на првиот со тема „Зголемена вработливост, нови економски перспективи и соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан““, учествуваа 8 панел говорници од сите засегнати институции и сектори. Говореа, Горан Ѓеоргиевски, Претседател на Агро-бизнис комора; Виолета Стојановиќ, Раководител на сектор за активни мерки и програми од Агенција за вработување; Маја Крстевска, Раководител на одделение од Центар за образование на возрасни; Самоил Малчевски, Професор од Едукативен центар за претприемништво, Славјански Универзитет; Оливер Андреевски, Координатор за комуникации од Национален младински совет, Македонка Димитровскa, Професорка при Американ Колеџ и Жена Претприемач со успешна бизнис приказна; Весна Ристова, Он-лајн консултант и ментор за женско претприемништво од дигиталната плетформа „ОснаЖена“ и Агрон Фазлији, Претседател на Националната Занаетчиска Комора.
На втората форумска сесија за темата „Можности и модалитети во идните прекугранични соработки во прекуграничната област Р.С.Македонија и Србија“ говореа клучните претставници на проектот: Андријана Богдановска, Извршен Директор на Центарот за управување со знаење; Драгана Белензада, Директор на Центарот за развој на Јабланичко Пчињскиот округ – ЦРЈПО; Горан Миленковиќ, Раководител на проект за рурален развој и земјоделство и Координатор во Проектот „Шанса за тебе“ од ЦРЈПО; Регина Икономовска, Координатор за регионален развој во пограничниот регион во проектот „Шанса за тебе“ од ЦРСПР и Ирина Тростјанска – Координатор за обуки и јабвни набавки во проектот, од ЦРСПР.
Завршниот збор, со осврт на проектот и благодарност за соработката и учеството, како и за интересот и големиот одзив на присутните, го даде директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион, Јане Мицевски во својство на домаќин на конференцијата, која отвори многу прашања и иницијативи за иднини мостови на соработка меѓу Србија и Македонија, втемелени на носечките индустрии, чии клетки се токму профилите на кадровата сила за чија подобра иднина, една од базите е и овој конструктивен проект.