Фондација од Холандија си постави мисија да ги обедини незадоволните потрошувачи кои сакаат да поднесат колективна тужба против технолошките гиганти Apple и Google.
Причината за тужбата би биле високите такси кои потрошувачите треба да ги плаќаат за купувањето на мобилни апликации преку онлајн продавниците на двете технолошки компании.
Поради ваквите високи такси кои достигнуваат и до 30%, потрошувачите во изминатите години морале да ги преплатат купените апликации, оштетувајќи ги за една милијарда долари – тврдат од фондацијата.
Според нив, технолошките компании нема да можат да наплаќаат високи такси доколку бидат принудени од страна на властите да ги признаат конкурентни платформи и наплатни системи во рамки на нивните продавници на апликации.
Фондацијата на учество во тужбата ги поканува сите потрошувачи кои купиле барем една апликација или услуга од продавниците на Apple и Google, а не биле произведени директно од двете компании.