Иако Snapchat апликацијата е позната по тоа што ја користат воглавно тинејџери, податоците покажуваат дека трендовите се менуваат.
Snapchat, хит апликацијата за комуникација која ја популаризираа корисниците помлади од 16 години, сепак има своја публика и помеѓу нешто повозрасната популација. Најновите податоци на истражувачката куќа GlobalWebInde покажуваат дека во последно време е се поголем бројот на повозрасни кои одлучиле да го испробаат Snapchat, па така се променил и изгледот на корисничката база на оваа апликација.
Крајот на минатата година на Snapchat речиси 60% од корисниците спаѓале во возрасната група од 16 до 24 години, а сега тој удел е нешто повеќе од 40%. Од друга страна, од почетокот на годината значајно е зголемен бројот на корисниците на возраст од 25 до 34 години – и тоа на повеќе од 30%, како и на оние од 35 до 44 години, кој е сега речиси 20%.
Важно е да се напомене дека Snapchat цело време бележи голем пораст на бројот на корисници во целиот свет и според некои проценки, го премина бројот од 150 милиони активни корисници. Но, овај раст доаѓа се повеќе од корисниците кои се во нешто постара возраст, па се чини дека Snapchat наскоро би можел да ја изгуби титулата на социјална мрежа за деца – слично како што пред неколку години се случи со Facebook.