Како што клиентите продолжуваат да бараат се повеќе и повеќе содржини, повеќе импресии, повеќе иновации – големите агенции почнуваат да се огледуваат на многу помали компании, кои штотуку се на својот зачеток…
Од WPP до Publicis Groupe, глобалните играчи се повеќе се угледуваат на дигиталните стартапи во кои претприемачкиот дух е во суштината на нивното работење.
Тоа станува значаен начин за агенциите да дојдат до иновации кои брендовите ги бараат, тврдат упатените.
Најновата инвестиција на Publicis од тој вид доаѓа во облик на глобално натпреварување под назив Publicis 90. Пишувавме и претходно на Маркетинг365 дека оваа иницијатива ќе финансира 90 проекти со износ од 10.000 до 500.000 евра и ќе понуди едногодишно менторство.
Овие активности треба да покажат дека Publicis е дигитална сила на која треба да се смета. “После аквизацијата на Sapient, ова е еден од начините навистина да зајакнеме и да покажеме дека сме во срцето на деигиталните екосистеми“ изјави Maxim Baffert, извршен директор на дигиталната агенција на Publicis – Proximedia Europe.“Постои и голем интерес на клиентите за многу работи во врска со дигиталната трансформација.“
Така Publicis се придружува на многутте слични напори во оваа индустрија, вклучувајќи ги и инвестициите на компаниите WPP и Bruin Sports Capital во Courtside Ventures, фирма со ризичен капитал која работи со технолошки и медиумски компании во стартап фаза, а кои се фокусирани на спорт. Тука е и Start-up Академијата на Cannes Lions фестивалот на креативноста, кој го спонзорира R/GA.
Publicis 90 нема да се фокусира исклучиво на еден сектор – ad tech,mobile,Fintech или било што друго – вработените во Publicis Groupe ќе учествуваат во првиот круг на гласање како би се осигурало дека идеите се од значање за клиентите.
Клучно е – вели Baffert , да се испорача „идеја која е апсолутно неверојатна“, било да се работи за поврзана машина од Kuantom која учи за вкусовите на личностите и послужува пијалоци прилагодени на тие вкусови, или за Damapp, компанија која користи дизајн да претстави комплексни податоци во лесно разбирливи графикони. Двете се меѓу 3.000 идеи кои учествуваат во натпреварувањето.
Вториот клучен елемент на натпреварувањето ќе биде едногодишно менторство и насоки од директорот на Publicis, чија вредност лежи во фактот дека стартапите понекогаш тешко се пробиваат во светот на агенциите.
На минатогодишната Cannes Lions Start-up Aакадемија, компанијата на Clausa Moberga, Snowshoe, доби вредни совети за многу работи, од тоа кои холдинг компании ги поседуваат кои агенции и како да се објасни што некои компании работат со “лаички поими”, па се до тоа како големите компании донесуваат одлуки за купување.
Знаењето кое Moberg и неговата компанија го добија совршено се вклопува во мисијата на Roba Dembitza, шеф на Cannes Lions Innovation програмата која ја создаде академијата заедно со R/GA.
„Убавината е во тоа што стартапите содзадоа нови врски, најдоа нови инвеститори и открија нови приходи“ изјави Dembitz.
Еднакво важни, спрема тврдењето на сите уклучени, се и идеите кои агенциите им ги однесоа на своите клиенти.
Речиси година дена по Cannes Lions фестивалот, SnowShoe учествуваше на неколку питчеви и наскоро ќе има неколку кампањи кои ќе излезат во соработка со агенциите кои ги запознаа на фестивалот (CEO SnowShoe – Claus Moberg одби да навести било која од агенциите со кои работеле).
Компанијата создава 3-D предмети од пластика под назив печати, кои можат да се користат за искуствен маркетинг. Кога печатот ќе се стави на паметен телефон, сензорите во печатот отклучуваат ексклузивна содржина онлајн или овозможуваат симнување на песни, без потреба за отварање или користење на апликации. Moberg изјави дека Start-up Академијата овозможила непроценливи совети „кои нас ни отворија нова линија на раборење, која веројатно не би постоела да не учествувавме во тоа искуство“.
Колку македонските маркетинг агенции ќе го продолжат овој глобален тренд и на домашниот пазар, па ќе поддржат ветувачки стартапи и ќе го менторираат нивниот раст, останува допрва да видиме.