Во полн ек се подготовките за новото издание на BalCannes – веќе десет години како ги обединува нашите пазари, сега повторно ги отвора вратите за нив, под рефлекторите на Деновите на комуникациите!
Низ годините, “лавовите” на BalCannes ги украсуваа вратите на најдобрите агенции од овии простори, а креативниот настан собра на едно место 150 агенции со стотици и стотици комуникациски проекти кои беа оценети од десетици ценети жири-членови. По двегодишна пауза, време е за пресврт, нова креативна енергија и за повторно обединување на регионот – на Деновите на комуникациите, кои ќе се одржат во Ровињ во април 2023 година.
Најдобрите креативци ќе добијат можност да се појават под рефлекторите на главната сцена на овој фестивал кој носи двојна номинација на британските награди Association Excellence Awards за еден од најдобрите настани во светот, но и на следниот BalCannes, кој отсекогаш ги славел комуникациските успеси со примеси на шаренило, хумор, но и големо срце на проектите на апликантите, при што новата натпреварувачка сезона ќе биде совршена можност за регионот да го потврди она што го мислите за себе.
Давор Брукета, член на Организациониот одбор на фестивалот и еден од иницијаторите на овој натпревар, истакна: „Ова е единствена можност за агенциите од регионот да ги покажат своите проекти пред клиентите. На BalCannes можете да му покажете на некој со кого сè уште не сте соработувале што правите најдобро“.
Новиот концепт ќе ја одбележи комуникациската сцена
Се повикуваат комуникаторите од малите и големи агенции во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија, кои со своите клиенти ги поместуваат границите, да се приклучат на големата прослава на креативноста – пријавувањето ќе биде отворено на 25 август, кога ќе биде претставен и новиот правилник за натпреварувањето, ќе бидат откриени категориите и важните новитети со кои BalCannes ќе ја дефинира регионалната индустрија. Квалификацискиот период на натпреварот, со оглед на паузата од две години, ќе ги опфати сите оние одлични проекти реализирани во последните две години – од 20 август 2020 до 20 ноември 2022 година!
Нова категоризација и вредни награди
На најдобрите, во однос на низата категории на деловни активности во кои ќе се натпреваруваат, ќе им бидат доделени златни, сребрени и бронзени статуетки, а прецизната категоризација ќе им овозможи на сите да ги тестираат своите сили на големата сцена на пазарните комуникации и да ја истакнат својата извонредност. Кулминацијата на натпреварувањето ќе биде доделувањето на BalCannes Grand Prix за најуспешниот проект, како и награди за најдобра агенција и најдобар клиент на BalCannes.
Уникатен начин на оценување
BalCannes останува уникатен во овој дел од светот по својот концепт на оценување: најдобрите регионални експерти од редовите на огласувачите, агенциите и професионалните медиуми повторно ќе се соберат во три жири-групи и ќе ги изберат најдобрите меѓу проектите, обезбедувајќи им на апликантите вредни повратни информации од различните пазарни перспективи.
Балканскиот дух е сè уште присутен
Ова не е обична награда: BalCannes на виделина го извлекува најдоброто, како од етаблираните агенции, така и од оние кои штотуку се пробиваат на креативната сцена. Покрај тоа што го слави уникатниот дух на овие простори, тој е најдобар доказ за неповторливата креативност и оригиналност што ја надминува рамката, понекогаш во однос на пазарните услови – а најчесто и независно од нив.
Деталните информации и сите новости за настанот ќе бидат достапни на 25 август 2022 година на официјалната веб-страница www.danikomunikacija.com.