Денешните деца имаат многу повеќе заеднички работи со нивните врсници ширум светот, отколку со возрасните со кои се опкружени
Можеби се прашувате кој ја сочинува генерацијата Z? Одговорот е дека во нив спаѓаат сите оние кои се родени 1995 година и подоцна. Всушност, тоа е генерацијата која ги наследи милениумците. Во САД тие претставуваат 26% од вкупната популација, а во американската економија допринесуваат со околу 44 милијарди долари годишно. До 2020 година, генерацијата Z ќе претставува една третина од населението и затоа е оправдано да им се посвети големо внимание.
Добро е да се знаат разликите помеѓу генерациите, бидејќи на тој начин, компаниите полесно можат да ги креираат своите бизнис планови, маркетинг и комуникациски активности и да останат релевантни конкуренти на пазарот.
- Помалку фокусирани
Генерацијата Z живее во свет на постојани промени и подобрувања, и затоа е важно компаниите постојано да работат на подобрување на своите производи и услуги. Благодарение на апликациите и социјалните мрежи, генерацијата Z ги следи трендовите и преку кратки и концизни содржини. Затоа нивниот степен на внимание е значително пократок од милениумците.
- Сестраност
И покрај тоа што припадниците на генерацијата Z се помалку фокусирани од нивните претходници, многу ефикасно ги комбинираат работните обврски и слободното време, а не им е туѓа ниту сестраноста. Само помислете колку тие можат да ја подобрат вашата компанија ако работат за вас.
- Финансии
Милениумците посветуваат поголемо внимание на цените, најверојатно затоа што израснале за време на рецесија. Истражувањата покажаа дека 67% од милениумците би посетиле некоја веб страница за да освојат купон со попуст, додека во генерацијата Z, тоа би го направиле само 46%.
Милениумците се исто така повеќе наклонети кон следење на реклами. Истражувањата покажале дека 79% од милениумците пред купувањето ги следат рекламите, додека само 59% од припадниците на генерацијата го прават тоа.
- Претприемништво
Припадниците на генерацијата Z се стремат кон порелаксирана работна средина и порелаксиран начин на живот воопшто. Околу 72% од тинејџерите велат дека еден ден би сакале да основаат свој сопствен бизнис.
- Очекувања
Генерацијата Z имаат поголеми очекувања од милениумците. Имено, тие беа првата генерација што пораснаа опкружени со технолошки иновации, и сето тоа што изгледаше невозможно во минатото, денес се смета нормално и вообичаено за нив. Доколку тие не можат да учествуваат во нешто тука и сега, тоа не е нормално за нив. Тие ги гледаат брендовите на тој начин. Нема лојалност. Ако мислат дека не се вреднуваат како купувачи, ќе бараат друг бренд.
- Индивидуалност
Генарацијата Z е родена во ерата на социјалните мрежи – дури 92% од нив има свој дигитален отпечаток. Како последица на достапноста на информациите и следењето на медиумите, таа генерација бара нешто уникатно во сите облици на животот.
- Глобалност
Припадниците на генерацијата Z се глобални. Со развојот на интернетот, милениумците се сметаа за прва глобална генерација, но припадниците на генерацијата Z се многу повеќе глобални во своите размислувања и интеракции. Околу 58% од луѓето над 35-годишна возраст во светот се согласуваат дека денешните деца имаат повеќе заедничко со нивните врсници ширум светот, отколку со возрасните со кои се опкружени.