Провокативните рекламни кампањи имаат мало влијание на продажбата и можат да имаат негативно влијание врз имиџот на брендот – се наведува во новото истражување чии резултати ги спорат тезите кои широко беа прифатени во индустријата а кои едноставно велеа дека “сексот продава“.
John Wirtz, професор за огласување на универзитетот во Илиноис, комбинираше податоци од 78 студии кои го испитувале сексипилот во огласите и анализата насловена како “Влијанието на сексипилот во огласите на меморијата, ставовите и купувањето“ покажала дека огласите кои користат сексуална привлечност воопшто не учествуваат во одлуката на испитаниците да купат некаков производ.
Истражувањето покажало дека “провокативните“ огласи се незначително позабележителни и тука доминира сегментот мажи, кои за нијанса повеќе ги забележувале и “анализирале“ огласите каде има нагласена сексуалност.
Целото истражување можете да го разгледате на следниов ЛИНК.