Селена Гомез е новата кралица на Инстаграм. Таа сега ја има сликата со најмногу “срценца“ на оваа социјална платформа. Сликата всушност не е ниту некое заводливо селфи, нити некоја немонтирана бекстејџ ситуација….туку реклама…и тоа за Кока-Кола.
Фановите ја “лајкувале“ сликата на која Гомез држи Кока-Кола шишенце со текст од своја песна, нешто повеќе од 4 милиони пати откако сликата беше објавена пред две седмици. Во описот на сликата стои „When your lyrics are on the bottle“ , а никаде не пишува дека тоа всушност е #оглас :)