Неодамна објавивме за (дотогаш) шпекулациите дека по раскинувањето на договорот со брендот за спортска опрема Nike, семејството на Коби Брајан планира да лансира сопствени брендови на облека и обувки. Шпекулациите беа дополнително зацврстени со регистрацијата на десетина нови трговски марки од страна на семејството, а сé се потврди деновиве со лансирањето на брендот Mambacita.
Колекцијата на облека беше лансирана на 1 мај, ден на кој Џиџи Брајант, ќерката на Коби која задно со него загина во хеликоптерска несреќа, ќе го прославеше својот 15 роденден. Името Mambacita е всушнот прекар даден на Џиџи од страна на нејзината фамилија.
Според медиумите, сиот приход од колекцијата ќе оди во спортската фондација Mamba & Mambacita – непрофитна организација за поддршка на младите спортиски, основана во спомен на Коби и Џиџи.
Колекцијата беше веднаш распродадена и засега нема најави дали и кога би била лансирана втора тура. Цената на еден детски комплет од колекцијата чинеше 224 долари, а на комплетот за возрасни 332 долари. Исто така засебно можеа да се купат дуксерите, како и маски за лице.
Повеќе НБА ѕвезди и тимови, вклучувјќи ги Кајри Ирвинг, Девин Букер и секако тимот на ЛА Лејкерс, веднаш купија дел од колекцијата со цел поддршка на семејството на Брајант и нивната фондација.