Виртуелна реалност (VR) е употреба на компјутерска технологија за создавање симулирана околина. За разлика од традиционалните кориснички интерфејси, VR го става корисникот директно во искуството. Наместо да гледаат екран пред нив, корисниците се нурнати во искуството и можат да комуницираат во тродимензионален свет. Со симулирање на колку што е можно повеќе сетила, како што се видот, слухот, допирот, дури и миризбата, компјутерот се претвора во врата на овој вештачки виртуелен свет.
За разлика од Виртуелната реалност (VR) каде што корисникот е внатре во компјутерски генерираната околина, Аугментираната реалност (AR) додава интеракција на реалноста во која што живееме.
За што се користи?
VR и AR наоѓаат широка примена во речиси сите индустрии и полиња како: медицината, архитектурата, образованието, инженерство и роботика, уметност, забава, маркетинг, психологија, спорт… На пример: Поради својата интерактивна природа, студентите по медицина во светот започнаа да користат VR за да вежбаат операции и процедури, со што е елиминиран ризикот од нанесување штета или грешка при вежбање кај вистински пациенти. Виртуелните пациенти се користат за да им се овозможи на студентите да развиваат вештини кои подоцна можат да се применат во реалниот свет. Користењето VR технологија во медицинската индустрија е ефикасен начин не само да се подобри квалитетот на обуките, туку исто така претставува и одлична можност за оптимизација на трошоците, особено затоа што здравствените услуги постојано се под притисок и располагаат со мали буџети.
Иднината на Виртуелната и Аугментираната реалност
Виртуелната реалност е една од технологиите со највисок проектиран потенцијал за раст. Според најновите прогнози од IDC истражувањата инвестициите во VR и AR ќе се зголемат за 21 пат во текот на следните четири години. Покрај тоа, и двете технологии ќе бидат клучни за плановите за дигитална трансформација на компаниите и се очекува дека над половина од поголемите европски компании ќе имаат VR и RA стратегија.
Денес, пазарот бара апликации за поширока примена на овие технологии. Уредите и технологијата која се користи од ден на ден станува се поевтина и подостапна како за големите бизниси така и за крајните корисници. Големите технолошки компании веќе работат на развој на подобрени, пософистицирани и подостапни уреди за користење на VR.
Најновиот 5G стандард исто така може да обезбеди многу интересни сценарија за еволуцијата на VR. Овој стандард ќе овозможи повеќе уреди и големи заедници на корисници да бидат поврзани. Покрај тоа, технологијата ќе им овозможи на потрошувачите да добијат слики во реално време, скоро како да ги гледаат со свои очи.
Сето ова значи дека Виртуелната реалност повеќе не е научна фантастика. Интегриран е во нашата сегашност и во наредните години ќе доведе до напредок што ќе ја обликува иднината.
Каде може да се научи развој на VR технологии во Македонија?
Семос Едукација од неодамна ја разви и ја претстави својата нова програма која ќе се изучува на нивната Академија за Виртуелна Реалност, што претставува своевидна новина не само на македонскиот пазар туку и во светот.
“Горди сме и среќни што после долго време на работа и подготовка на програмата конечно оваа новина ја донесовме на македонскиот пазар, за да можат македонските граѓани најпрво да ја искусат и да стекнат знаење за креирање на VR содржини. Голема благодарност до Фондот за иновација и технолошки развој со чија поддршка овој наш долго планиран проект, конечно почна со реализација.”, изјави Мирослав Клампфер, раководител на Академијата.
Обуката на Академијата ја одржуваат Unity сертифицирани тренери, кои своето знаење и искуство стекнато низ бројни тренинзи ќе го пренесат на своите слушатели. По завршувањето на обуката, студентите добиваат титула Unity Certified User: Programmer со што ќе им се отворат вратите кон една нова и многу перспективна професија.
Повеќе информации за Академијата: https://bit.ly/2VHPT6U