На годинешната конференција за медиумски трендови SEMPL, програмата ќе биде интерпретирана на словенечки знаковен јазик, со што ќе се отвори вратата за глувите и наглувите кои се заинтересирани за маркетинг, медиуми и иновации.
Организаторите на 21-та конференција SEMPL со раширени раце ја прифатија иницијативата на НЛБ Банка SEMPL да стане првата конференција од ваков вид во регионот која има дводневна програма во целина интерпретирана на знаковен јазик. На овој начин, не само што SEMPL ќе биде отворен за сите оние за кои досега конференциите и фестивалите обично не беа достапни, туку ќе привлече внимание и за тоа како претстојните технологии кои во основа содржат говор и звук забораваат на веќе и онака маргинализираните групи.
„Ако дозволиме посета само на една личност која го сака тоа и на која претходно не и` било овозможено добивање на знаење од ваков вид, сме направиле многу“, рече претседателката на конференцијата SEMPL Валерија Преволшек.
„Задоволни сме што компаниите, како што е НЛБ банка се свесни дека глувите и наглувите луѓе се исто така дел од општеството и дека со многу мали чекори може да им се овозможи многу. Годинава, банката веќе вклучи интерпретација на словенечки знаковен јазик во некои свои услуги, им овозможи на глувите да посетат финансиски работилници и посета на театарски претстави, а сега на нашите членови им се отвора вратата на еден ваков голем и значаен настан од огласувачката индустрија. Фантастичен е фактот што своите членови, од кои многу од нив работат во области поврзани со рекламната индустрија, бесплатно ќе ги поканиме во Порторож и ќе им овозможиме да ја следат одличната содржина на SEMPL, со што ќе се запознаат со глобалните трендови од областа на маркетинг и комуникациите“, изјавија организаторите.