“Беса“ е првата српска серија која добива и меѓународна верзија
Популарната серија „Беса“ е прва српска серија според чија приказна се снима адаптација за странскиот пазар. На овај начин “Беса“ се приклучи на кругот на популарните светски серии кои по нивниот квалитет ги надминаа локалните граници во кои се создадени.
Текстовите објавени во медиумите Variety, C21 и други реномирани светски медиуми од областа на седмата уметност, наведуваат дека MBC Studios, продукциска куќа со седиште во Дубаи и „Eagle Films“ од Либан, ќе емитуваат криминалистички серијал под ново име „Крвна заклетва“(Blood Oath), во текот на првиот квартал на 2020 година. Адаптацијата во серијата ќе биде достапна за арапското говорно подрачје кое брои повеќе од 400 милиони луѓе.
„По големиот успех на домашниот пазар, “Беса“ е првата српска серија што се продава и реализира како формат во странство. “Адреналин“ моментно се подготвува за втора сезона, за која веруваме дека ќе биде уште поуспешна“, рече Теа Королија, директорка на “Адреналин“, продуцентска компанија која е сопственик на оригиналниот формат на серијата “Беса“.
Серијата Беса, во продукција на “Адреналин“ во Србија во 2018 година според оригиналната идеја на Срѓан Шапер, е популарен трилер создаден од познатиот британски сценарист Тони Џордан во соработка со тим од локални продуценти. “Беса“ ја освои публиката и критиката во Србија и регионот. Стручното жири ја прогласи “Беса“ за најдобра серија во претходната година во Србија.
Првата меѓународна верзија на серијата „Беса“ е снимена во Либан, Грција и Кипар.
Серијата „Крвна заклетва“ е прилагодена на локалната публика, но е атрактивна и за другите меѓународни пазари. Ние во MBC Studios продолжуваме да создаваме впечатливи, квалитетни содржини кои привлекуваат гледачи ширум светот“, изјави Сафа Абуризик, директор на програмата во MBC Studios.