Dunelm е британска компанија за малопродажба на мебел и домашни декорации, која во својата нова есенска кампања повикува да го „обоите светот“.
Имено, во централниот спот на кампањата насловена “Dun Your Way” (игра на зборови на “Done Your Way” т.е. „Направено на ваш начин“), се прикажува еден сив свет – луѓето носат сива облека, домовите се сиви, телевизиските емисии се исто така сиви.
Но, тогаш, една жена во својот дом внесува зелена торба од Dunelm. Реакцијата на нејзиниот сопруг е запрепастувачка, но штом ја види убавината на новокупеното шарено перниче, отпочнува вистинска „револуција“ на бои. Нивниот дом станува шарен, а по него и сите останати.
„Вашиот дом е единственото место каде што вие сте главни. Па, зошто да го уредувате по нечиј туѓ начин? Заборавете ги т.н. „правила“ на внатрешниот дизајн, или пак „правилниот“ и „погрешниот“ начин на правење на работите. Закачете на ѕид она што ви предизвикува насмевка. Растурете ги вашите омилени бои на каучот. Наполнете ги вашите полици со драгоцени тракатанци. Домот, над сé, треба да биде вашиот мал дел од светот. Направен од вас, специјално за вас. Создаден со вашето уникатно чувство за стил, за да ви донесе удобност и радост. Вашиот дом треба апсолутно да биде направен на ваш начин и на никој друг“ – истакнуваат од компанијата по повод лансирањето на рекламниот спот.
Кампањата е создадна со помош на креативната агенција Creature и продукциската куќа Tantrum.