Колку пати сме добиле главоболка додека бараме некој производ на интернет. Дали страницата што го нуди производот е доверлива, како можеме да бидеме сигурни дека нашите податоци се заштитени, дали воопшто ќе го добиеме производот за кој сме платиле? Не се ретки луѓето кои се на мислење дека интернетот е полн со измамници кои сакаат да ни продадат нешто, реклами кои ни скокаат од сите страни и ни ветуваат „кули и градови“, сите се фалат како се најдобри, најбрзи, најповолни… А, нам ни треба само некој на кој можеме да му веруваме.
Навикнати сме на лаги и „разубавена реалност“ во рекламите, па затоа не само што нѐ изненадува, туку и шокира кога некој е искрен! Ова е реакцијата на мнозинството потрошувачи во Србија на билбордите и рекламите на ePlaneta со кои овој бренд ја најави својата онлајн продавница.
Да, и ePlaneta признава дека тоа го прави за профит, што е нормално, но за да ни каже брендот дека можеби не ни требаат некои производи, дека обезбедиле бесплатна достава само за да го посетиме баш нивниот портал… не сме навикнати да слушаме такви зборови од брендовите. И тие претставуваат вистинско освежување во комуникацијата на брендовите!
Зад кампањата со гордост (искрено) стои тимот на креативната агенција DRV.