Goop е луксузен бренд за животен стил основан од страна на американската актерка Гвинет Палтроу. Низ годините, брендот стана препознатлив по некои прилично „чудни“ производи, кои се продаваат по прилично висока цена.
Во сличен манир, Goop неодамна претстави „луксузни пелени“ – направени од волна од алапака, инкрустрирани со килибарни мониста и одликувани со мирис на јасмин и бергамот. Една кутија вакви луксузни пелени по името “The Diapér” била вреднувана по цена од 120 долари.
Очекувано, првичната реакција на јавноста беше негативна. Но, потоа беше откриена вистинската идеја позади кампањата.
Според брендот, 33 од сојузните американски држави ги третирале пелените како „луксузни производи“, поради што и ги оданочувале како такви – доведувајќи до високи продажни цени кои голем број на фамилии не можат да си ги дозволат.
Според пресметките на брендот, секоја фамилија плаќа по 120 долари данок на пелени на годишно ниво – колку и цената на „луксузните пелени“ на Goop.
Од брендот се надеваат дека оваа кампања, остварена во соработка со непрофитната организација Baby2Baby, ќе придонесе за зголемување на јавната свест за овој проблем со кои се соочуваат семејствата и евентуално ќе доведе до оданочување на пелените според стапката на „есенцијален производ“, наместо како досега – „луксуз“.
View this post on Instagram