Shutterstock ја лансираше својата осма по ред “Oscar Pop!” кампања на креативни постери со кои го одбележува овогодишното 92 издание на Оксарите и номинираните филмови во категоријата за најдобар филм. Секој од постерите содржи фотографии, вектори, текстури и илустрации од обемната колекција од преку 300 милиони слики на Shutterstock, притоа влечејќи инспирација од светски познати популарни уметници.
Стиловите на уметниците кои беа избрани да послужат како инспирација за дизајнот на различните постери се движат од современост до класичност, од хаотичност до минимализам. Со карактеристични елементи како презаситените бои на современата јапонската уметница Јајуи Касама и иконичните слики како препознатливиот базен на влијателниот британски уметник Дејвид Хокни, секој дизајн е уникатно прераскажување на номинираниот филм.
Живите и понекогаш разиграни бои, стилови и техники на популарните уметници нудат свежа и неочекувана перспектива врз овогодинешните најдобри филмови, кои раскажуваат вариетет на моќни и привлечни приказни. Стотиците милиони висококвалитетни слики понудени од преку 1 милион талентирани придонесувачи ширум светот служат како основа се секое од креативните дела, демонстрирајќи го волуменот и релевантноста на содржините достапни во колекцијата на Shutterstock.
Покрај лансирањето на постерите од “Oscars Pop!” серијалот, Shutterstock ќе имаат примарна позиција во следењето на церемонијата за доделување на Оскарите на 9 февруари, покривајќи го пристигнувањето на ѕвездите на црвениот тепих, прес-собата како и бројните афтер-забави.