Националниот поштенски сервис на Швајцарија, Swiss Post, лансираше нова кампања насловена “За динамична Швајцарија”, со која ја нагласува својата повеќекратна улога во секојдневниот живот и работа на малите бизниси.
Кампањата се состои од неколку видео спотови од по 30-тина секунди во кои се прикажува како различните мали бизниси во државата имаат различни потреби, кои пак постојано се менуваат и еволуираат, но на едно константно нешто тие секогаш можат да се потпрат – Швајцарската пошта.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Heimat од Цирих, која беше новоназначена како официјална агенција на Швајцарската пошта минатата година. Креативниот процес беше потпомогнат и од продукциското студио Pumpkin Films, исто така од Цирих.